МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ШАХОВСКИТЕ ФИГУРИ И НИВНИТЕ ПРАВИЛА

Денес подетално ке се осврнеме на шаховските фигури и нивните правила во играта. Шаховските фигури се следните:

  1. Крал
  2. Кралица (дама)
  3. Топ
  4. Ловец (лауфер)
  5. Коњ (скокач)
  6. Пион (пешак)

На почетокот на играта, секој играч има 16 фигури, односно 8 пиони, 2 коњи, 2 ловци, 2 топ, кралица и кралот.

Кралот е најважната фигура. Целта на играта е да се матира кралот (шах-мат). Кралот може да се поместува едно по едно поле во секој правец, односно хоризонтално, вертикално или дијагонално. Еднаш во текот на играта, секој крал има право да направи посебен потег, рокада. Целта на рокадата е подобра заштита на кралот. Тоа е единствениот потег во кој се движат две фигури, кралот и топот, а се смета како еден потег, во кој кралот се движи две полиња. Постојат мала и голема рокада, но за тоа во некоја друга прилика.

Кралицата може да се помести во било кое хоризонтално, вертикално или дијагонално поле и е најмоќнота шаховска фигура. Кралицата се смета за „семоќна“ фигура, а често се смета дека загубата на кралицата е загубена партија.

Топот може да се премести на било кој квадрат на линијата или редот на кој е, шо значи дека се движи праволинисјки. Тоа е особено важно на крајот од натпреварот и во матирањето. Топот има посебно значење поради „рокадата“. Топовите можат и да се штитат меѓу себе.

Ловецот (лауфер) може да се движи на кој било квадрат по дијагоналата на која се наоѓа. Забележете дека ловецот никогаш не ја менува бојата на квадратот на кој стои, па играчите често зборуваат за „бел“ и „црн“ ловец. Недостаток на ловецот е што не можат да се бранат меѓусебно, а предноста на ловецот во однос на другите фигури е првенствено во способноста да се врзува со пионите. Ловецот добива на важност пред се на крајот од играта.

Коњот (скокач) може да скока преку зафатените квадрати и да се помести два квадрати хоризонтално и еден квадрат вертикално или обратно, правејќи форма „L“. Коњот во средината на таблата има осум полиња на кои може да се движи. Забележете дека секогаш кога коњот се движи, ја менува бојата на полето на кое стои. Предноста на коњите е тоа што можат да се заштитат еден со друг и што можат да ги прескокнуваат другите фигури. Тој е погоден за таканаречени „затворени“ партии и одличен е за дефанзивна игра.

Пешаците (пионите) ги имаат најсложените правила за движење. Пионот може да се помести само едно поле напред ако тој простор не е зафатен. Доколку пионот не се поместил дотогаш, можно е да се помести и две полиња нанапред доколку двата квадрати пред него се слободни. Пионот не може да се движи наназад. Ако пионот се помести две полиња нанапред за прв пат и е до противничкиот пешак откако е одигран потегот, противникот може да изведе посебен потег „анпасан“. Пионите се единствените фигури со можност да земаат противнички фигури поинаку од своето движење.

Доколку пионот стигне до последниот ред, тогаш се претвора во друга фигура, обично кралица, освен ако не сакате да го „понижите“ противникот. И покрај фактот дека пионот е реално најмалку важна фигура, во крајната игра може да биде и најважната фигура. Патем, некои шахисти сакаат да жртвуваат пион на почетокот на партија за да добијат позициона предност (гамбит) во однос на противникот, но за тоа ќе зборуваме во друга прилика.

Вреднувањето на шаховските фигури отсекогаш било предмет на дискусија и проценка на играчите во зависност од ситуациите, но генерално фигурите се вреднуваат на следен начин:
Коњот вреди 3 пиони;
Ловецот вреди 3 пиони;
Топот вреди 5 пиони;
Кралицата вреди 9 пиони;
Кралот е бесценет.
Но, постојат и различни вреднувања на шаховските фигури, така на пример според поранешните светски шампиони Гари Каспаров и Боби Фишер ловецот е фигура со поголема вредност од коњот.
Одговорите на прашањата дали ловецот е повреден од коњот, дали два топа се повредни од кралицата, дали коњот и ловецот се повредни од топот…. го оставаме на вас.
На крајот од играта, овие поени не значат ништо – тие се само систем со кој можете да донесувате одлуки во текот на играта, а единственото нешто што е важно е победата, т.е. мат.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button