МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА

Во денешниот текст ке се осврнеме на шаховската олимпијада. Шаховските олимпијади се натпревари кои официјално се организираат од 1927 година под покровителство на Меѓународната шаховска федерација ФИДЕ. На ова треба да се додаде фактот дека во 1924. година бил направен неуспешен обид да се вклучи шахот на летните олимписки игри, но обидот бил неуспешен поради проблемите во разликата помеѓу професионалните и аматерските шахисти. Инаку, Париз беше домаќин на 1-та неофицијална шаховска олимпијада во 1924. година.

Исто како и на Олимписките игри, така и на шаховските олимпијади репрезентациите на земјите членки на ФИДЕ се натпреваруваат за златни, сребрени и бронзени медали.

Шахот не е олимписки спорт, но од неодамна ФИДЕ е членка на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и ги почитува неговите правила.

Секоја шаховска федерација која е членка на ФИДЕ може да испрати тим на Шаховската олимпијада. Тимот се состои од пет играчи, четворица постојани и еден резервен.

На раните Олимписки игри, сите тимови играа натпревари против сите други тимови. Како што се зголемуваше бројот на тимовите, тоа стана непрактично. Подоцна екипите прво играа во групи, а потоа во финалето се сретнаа најдобрите екипи. Од 1976 година натпреварувањето се игра по швајцарски систем. Од 2008 година прв критериум за пласман се бодовите од натпреварите, а не бодовите по табла, 2 поени се доделуваат за победа, 1 за нерешено и 0 за пораз.

Победничките пехари во машка и женска конкуренција се преодни. Тие се во посед на шаховската организација на земјата победничка до следната Олимпијада, по што преминуваат во рацете на следните победници.

Олимписките игри за мажи се одржуваат секоја втора година.

Трофејот што го освојува олимпискиот победник во машка конкуренција е „Купот Хамилтон-Расел“, кој е подарок од Англискиот магнат Фредерик Хамилтон-Расел, а кој првпат беше доделен на (официјалната) Прва шаховска олимпијада одржана во Лондон во 1927. година.

Женските шаховски олимпијади се одржуваат од 1957 година. Отпрвин, тие се одржуваа како специјални настани.

Трофејот во женска конкуренција се вика „Вера Мењчик куп“, според првата светска шампионка во шах.

Со оглед дека ФИДЕ е признанена од страна на МОК, во обврска е да се придржува до нивните правила, вклучувајќи го и условот за анти допинг контрола.Се мисли на шаховкста олимпијада. Тестовите за прв пат беа воведени во 2002. година под значителна контроверза.

Севкупно гледано, најуспешни селекции се селекциите на поранешниот Советски Сојуз со 18 златни медали, а потоа следат Соединетите Американски Држави и Руската Федерација со по 6 златни медали.

Поединечно, најуспешни шахисти се Тигран Петросјан (СССР) и Василиј Смислов (СССР) со по 9 златни медали. Процентуално најуспешни играчи се Михаил Тал (СССР) – 81,2% и Анатолиј Карпов – 80,01% победите. На ова може да се додаде и фактот дека поранешна Југославија има освоено вкупно 13 медали (1 златна, 6 сребрени и 6 бронзени).

Инаку, во 1972 година во Скопје се одржа 20-та шаховска олимпијада, но за тоа ќе зборуваме друг пат.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button