ВестиКултура

Чествување на Денот на македонските просветители Кирил и Методиј

На 24- ти мај се чествуваше Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. Во истоимениот парк во Белград, Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, македонската Амбасада во Србија, здружението на Македонците од Белград – Македониум и претставници на други Амбасади, Мисии на меѓународни организации и други здруженија, положија свежо цвеќе на споменикот, дело на скулпторот Томе Серафимовски.

„Со своето дело, св. Кирил и Методиј вечно ги задолжија сите словенски народи и воопшто европската и светската култура и цивилизација. Она за што тие се залагаа и напорно работеа, уште во средниот век – рамноправност на јазиците и народите и еднаков пристап до образованието и науката, за сите се основни постулати врз кои денес почива меѓународниот поредок и човечката цивилизација.

Нивниот светол пример и понатаму е потребно да ни биде поткрепа да се истрае во зачувувањето на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет.

Нека е за многу години големиот празник, вечна слава на св. Кирил и Методиј“ – порачаа од Националниот совет на македонската национална заедница во Србија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button