Средба на претставници на Националниот совет на МНЗ со претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија
Делегација од Националниот совет на македонската национална заедница во Србија составена од претседателката Зорица Митровиќ, претседателот на Извршниот одбор Благоја Соколовски и секретарот Марјан Јованоски оствари средба со Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија Васил Стерјовски. Средба се одржа во Јабука на 08 јуни 2024 година, а истата беше искористена од страна на Васил Стерјовски, во име на Македонците од Албанија, да положи свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето “Гоце Делчев”.
Во рамките на средбата претставниците на Националниот совет ја искористиле можноста да го запознаат гостинот со положбата и правата на Македонците во Србија, начинот на функционирање на Советот, но и со предизвиците со кои се соочува македонската национална заедница.
На средбата се разговарало и за можностите за соработка во иднина.