Знаменити Македонци во СрбијаМакедонски ликовни уметници во Белград

Петар Мазев

Петар Мазев е еден од најистакнатите претставници на македонското современо сликарство. Неговиот опус опфаќа широк распон на ликовен израз кој се движи од фигурација, преку енформел до карактеристичен ликовен ракопис кој ги обединува овие две ликовни експресии.

Роден 1927 година во Кавадарци. Завршил Ликовна академија во Белград во 1953 година кај Проф. Зора Петровиќ. По студирањето се враќа во Македонија и се вклучува во развојот на современата уметност во Скопје. Бил професор на Факултетот за архитектура во Скопје. Значајно е да се напомене дека бил главен иницијатор за формирање на Факултет за ликовни уметности во Скопје, на кој што подоцна бил и професор.

Композиција, 1957.

За Петар Мазев, Македонија е супстрат на силни емоционални доживувања. Во неговиот ликовен систем пластичната традиција на нацијата се пробива во една преносна смисла. Мазев повеќе го возбудува необично суровата, контрастна драматика на географската структура на земјата, здивот на минатото и патината што е втисната во нејзината материја, во старите згради и предмети.

Револт, 1971.
Во чест на син ми Коце, 1990
Нет 1987.

Неговото творештво започнува со фигуративни композиции (во педесеттите), а речиси една деценија подоцна го прифаќа енформелскиот израз, за по неколку години да дојде на идеја да ги стави паралелно на една иста слика овие два ракописи. Всушност неговиот експресионизам минал низ неколку фази, (во кои особено е значајна „белата фаза“), за да под влијание на апстрактниот експресионизам на Вилием де Куниг и групата Кобра создаде апстрактно-фигуративен експресионизам и силен колорит. Така неговото сликарство станува пример на можното заедничко опстојување на овие две ликовни експресии долго време антагонистички поставувани и толкувани.

Пробивниот звук на сликарството на Петар Мазев допира и до уметничките кругови во републиките на некогашна Југославија, со продолжено ехо на местата во светот кадешто се претставува, а пред сè во САД. Џон Расел во the New York Times ги запознава Американците со „неодоливата енергија на неговите слики“1F. За поблиску да го дефинира, го споредува со Френсис Бејкон и со Вилијам Де Кунинг. Истото го прави во Питсбург и критичарот Хари Шволб. Во списанието Art укажува на „изненадувачки суптилните изразности на лицата“2F во платната на Мазев. Во некои аспекти, тој дури му дава и предност на нашиот сликар, во споредба со Де Кунинг и со Џексон Полок.

Наопаку

Изработувал и мозаици и мурали: мурал во Железарницата во Скопје 1967 година, мозаици во Стопанска банка и Државна болница 1971 година во Скопје и Спомен костурница во Велес-1979 година, керамопластика кај споменикот на Илинден, Крушево, 1974 година, мурали (Автобуска станица во Кавадарци, скопската Железничка станица, Бриони, штофара “Вишешница“).

„Спомен костурница и музеј на паднатите борци во НОБ“, Велес

Мазев имал самостојни изложби во Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Цирих, Минхен и др. Земал учество и на бројни групни изложби како во нашите простори така и надвор од нашата држава како: САД, Кина, Индија, Германија, Франција, Италија, Швајцарија и др.

Тој има добиено бројни награди и признанија:
1961 – Награда „11 Октомври“ на Република Македонија
1977 – Ноемвриска награда на Град Скопје
1979 – Ја добива првата награда на југословенскиот конкурс за уметничко уредување на ентериерот на Спомен-костурницата на паднатите борци од Народноослободителната војна во Велес и Велешкиот регион и ја реализира во мозаик.
1981 – Добитник на наградата „Моша Пијаде“ на Ликовниот салон во Цетиње и други.

Љубов, 1989
Скок, 1983

,,Фасцинантно е како Петар Мазев извлекува импресивни ликови од крвавo згуснатата магма на земјата, со штедливата употреба само на графизми, со неколку енергични и еруптивни гестови (типични и за неговата секојдневна комуникација со луѓето). Тажните физиономии (со очи обземајќи со ужас и со насмевка што предизвикува, како да му се спротивставуваат на смртта) покажуваат иронична насмевка која се дрзнува на соочување со реалноста. Галеријата на безликови, безглави, безпортретни фигури — психолошки различности — во голем дел се концентрира на очите распослани по сите агли на платното, како симулација на изгубената моќ да се владее со нештата. Можеби токму тие последни дела ја одржуваат неговата уметничка вредност — тие говорат за допирот со најекстремните слоеви на човечкото страдање.”

За син ми, 1991

Негови дела се наоѓаат кај голем број приватни колекционери во светот.

Кловнови, 1990

Петар Мазев почина во Скопје на 13 март 1993.

Дете, 1993
Дојрански триптих, 1993

И после повеќе од 30 години од неговата смрт, неговите дела остануваат свежи, енергични, како да ги создал млад уметник во денешницата.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button