ВестиКултура

Од „Пијан танец“ до „Патетична симфонија“ – незаборавен концерт на Македонската филхармонија во Белград

Во преполната сала на Коларц, во Белград, Македонската филхармонија имаше концерт за паметење. Под диригентство на Габриел Бебешелеа и изведба на еден од најреномираните македонски пијанисти, Дино Имери, белградската публика имаше можност да слушне необичен репертоар – од „Пијан танец“ на Сони Петровски, инспириран од македонското народно оро Пајдушко, до „Патетичната симфонија“ на Чајковски. Токму спојот на традицијата и класиката е тоа што ја воодушевува публиката.

Ѕвездата на вечерта, Дино Имери, во обраќањето на медиумите го изрази своето задоволство што повторно настапува во Белград.

–  Ова е мој прв настап во Коларац, но не и во Белград. Секое мое гостување е магично поради публиката која создава токму таква атмосфера со своето присуство, изјави Имери.

Говорејќи за патот кон успехот, Имери вели дека не го доживува како жртва и одрекнување, туку како уживање.

– Жртва се случува само кога го работите нешто што не го сакате. Не мислам дека треба одрекнување. Ако работите нешто, било што, внесите го целото свое срце и целата своја душа. Тоа е единствен начин на кои вреди да се работи било што во животот. Сите тешки моменти и сите сати вежбање ги доживувам како дел од патот во кои сум нашол и уживање.

Овој концерт е многу важен за продлабочување на соработката меѓу Македонската и Белградската филхармонија, вели Тина Иванова, директорка на Македонската филхармонија.

– Почнуваме една нова соработка меѓу двете институции – Белградска филхармонија и Македонска филхармонија. Македонската филхармонија долго време не гостувала тука и ова е симболичен почеток во рамките на регионалната сорботка „Отворен Балкан“.   Белград е голем културен центар и оваа е за нас огромна чест. Се надеваме дека сите идни проекти ќе се одвиваат во таа наскока и дека ќе оствариме плодна соработка меѓу двете институции.

Белградската публика со големи аплаузи го покажа своето задоволство од маестралниот настап на Македонската филхармонија.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button