ВестиОбразование

Зголемен бројот на ученици кои се образуваат на јазиците на националните малцинства

Министерот за образование Бранко Ружиќ се состана и разговараше со претставниците на националните совети на националните малцинства за резултатите во областа на образованието. На средбата одржана во Владата на Србија, на која присуствуваа и претставници од Министерството за човекови и малцински права, министерот посочи дека е зголемен бројот на учениците кои се образуваат на јазиците на националните малцинства.

  • Во оваа учебна година вкупно 5,7 отсто од учениците посетуваат настава на еден од осумте јазици на националните малцинства – на албански, босански, бугарски, унгарски, романски, рутински, словачки и хрватски“, рече министерот, додавајќи дека во образовниот систем за учениците припадници на националните малцинства кои ја посетуваат целата настава на српски јазик се обезбедува изучување на мајчиниот јазик и култура преку 16 изборни програми Мајчин јазик/говор со елементи на национална култура.

Министерот Ружиќ изјави дека без поддршка на националните совети на терен, и нивното активно учество во информирањето на родителите за важноста на образованието на мајчин јазик, поддршка на училиштата во формирањето на одделенијата, како и во изработката на учебници, резултатите во оваа област би била многу поскромна. Тој најави дека во насока на натамошно подобрување на квалитетот на образованието на припадниците на националните малцинства, Министерството, согласно Стратегијата до 2030 година, ќе работи на подобрување на иницијалното образование на наставниците на нивниот мајчин јазик со цел обезбедување на квалификуван наставен кадар , зајакнување на српскиот јазик како немајчин јазик за припадниците на националните малцинства , како и стручно усовршување на јазиците на националните малцинства.

Министерството ги поддржува и охрабрува сите иницијативи на националните совети кои придонесуваат за подобрување на квалитетот и достапноста на образованието и воспитанието на јазиците на националните малцинства.

Државниот секретар во Министерството за човекови и малцински права Рејхан Куртовиќ изјави дека Владата на Република Србија покажува подготвеност меѓусекторски да ги реши сите предизвици со кои се соочуваат националните совети на националните малцинства. Тој рече дека образованието е едно од основните малцински права и дека Србија може да се гордее со спроведувањето на тоа право.

  • Министерството за образование во изминатиот период има направено многу на полето на образованието на националните малцинства на малцинските јазици, што е поткрепено со многу конкретни примери, а денешната средба покажува дека овој тренд се уште продолжува. Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог заеднички и синхронизирано со Министерството за образование и другите министерства, како и со националните совети на националните малцинства ќе ги вложат сите потребни капацитети за да се осигура дека правата на малцинствата во Република Србија се на највисоко можно ниво“, истакна Куртовиќ.

Македонскиот национален совет го претставуваше Маре Каранфиловиќ, која е неодамна повторно избрана да го води Одборот за образование.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button