МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

„ГЛИГОРИЌ„

Пред да почне започне светски шаховски шампионат, во денешниот текст ќе се осврнеме според мене на најдобриот Југословенки и Српски шахист на сите времиња на Светозар Глигориќ.

Глигориќ беше Српски и Југословенски шаховски велемајстор, со освоени рекордни 12 шампионски титули во некогашната СФРЈ. Во периодот на педесетите и шеѕдесетите години на минатиот век Глигориќ беше еден од најдобрите светски шахисти, инаку периодот кога на светска сцена беа Тигран Петросјан, Михаил Тал, Борис Спаски, Боби Фишер и др.

Глигориќ остана еден од најзначајните теоретичари на шаховските отворања, така да одредени варијации на Индијската одбрана и Рој лопез го добиле името според него. Исто така остана упамтен според партијата изиграна против Тигран Петросјан на турнирот во Загреб во 1970. година. Глигориќ беше првиот шахист кој успеал да му нанесе пораз на Петросјан откако станал светски шампион.

Во прилог е линкот на наведената шаховска партија, као и партијата Глигориќ – Фишер од 1961. година.

https://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=1106885

и

https://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=1044007

И за крај една убава вест за домашниот шах, велемасторот Александар Инѓиќ станал Европски шампион на шампионатот одржан во Петровец, Црна Гора.

Инаку на наведениот настан учесво зедеоа 388 шахисти од 44 држави, при што Инѓиќ од вкупно изиграни 11 партији, победи во 7, а во 4 партии ремизираше.

Александар Инѓиќ

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button