ВестиКултураМакедонијаМакедонци во светот

Зарина Првасевда номинирана за награда на престижната церемонија Music Awards Ceremony (MAC)

Гласањето на платформата YouTube завшрува на 24 јануари на полноќ

Церемонијата на музички награди (Music Awards Ceremony – MAC), во организација на Skymusic, повторно ќе го собере кремот на регионалната музичка сцена со дводневна церемонија на доделување музички награди на 25 и 26 јануари во арената Штарк. Настапите на претставниците на елитната поп, алтернативната поп, рок, рап, светска и фолк музика резервирани се за првиот ден од манифестацијата, додека на вториот ден од церемонијата ќе настапат најголемите музички икони на трап, дрил и урбана поп музика.

Во рамките на категоријата WORLD MUSIC – светска музика номинирана е и Зарина Првасевда, која што неодамна имаше прилика да и се претстави на публиката во Србија, со нумерата ,,Мори моме Солуненке.”

Постапката за гласање е едноставна и се одвива преку официјалниот MAC YouTube канал, преку веб-страницата MAC и преку апликацијата e_finity. Гласањето започна на 20.12.2022 година и ќе трае до почетокот на настанот, 25 јануари. 2023 година (завршува од 24.1.2023 на полноќ). Секој гласач треба да го запрати официјалниот MAC канал на YouTube и да ја лајкне песната која што е номинирана во одредена категорија. Гласањето преку платформата YouTube заснована е на принципот еден лајк – еден глас.

За да ја видиме и слушниме повторно во Белград Зарина Првасевда, која што ја чува и негува македонската изворна традиционална песна, во ново современо руво, пријавете се и гласајте за нејзината песна ТУКА

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button