ВестиКултура

,,Плетенка” од уметност, емоции и лирика на Елизабета Јорданоски

Во галеријата на Педагошкиот музеј во Белград, отворена е ликовна изложба на Елизабета Георгиева Јорданоски насловена ,,Плетенка”. Ова е веќе трета самостојна изложба на уметничката која што на своите слики ја пренесува својата енергичност и лиричност. За неа платното е сцена на која што ги претставува ликовите и заедно со нив ги доживува и преживува емоциите.

Затоа и свеченото отворање на изложбата беше еден вид на сцена на која што е изведен актерско-поетски перформанс од страна на актерите Зоран Митровиќ и Алексеј Јорданоски, а Ленче Петровиќ од здружението Македониум од Белград ја долови уметноста на хеклањето, кое што преовладува на сите слики од овој циклус на авторката.

  • Елизабета Јорданоски со своето сонце, натопеното македонско срце го посади на самата обала на Сава во Белград. Овај спој на енергии на спротивните квалитети -оган и вода, го одбележува целото нејзино досегашно творештво. Нејзиниот цртеж го одликува експлозивна експресивност, додека подеднакво силната склоност кон деталите и студиозноста не и дозволуваат неконтролирана слобода. На нејзините уметнички творби ја гледаме нејзината внатрешна борба со силен полнеж, кој се раѓа во судирот на два интензивни пориви – истакна критичарката Јасна Опавски.

Во нејзините дела се чувствува и нејзината љубов кон драмските уметности. Често е инспирирана од филм, театар, или поезијата. Концептуално, се повеќе се фокусира на положбата на современата жена, узвишувајќи ги матријахалните вредности како што се семејството и фолклорот. Лајт мотивот кој што се појавува на поголемиот дел од сликите е разниот вез, како симбол кој го чува најтоплиот вид на традицијата и говори за начинот на животот на балканската жена во изминатите векови. Познавањето на старите народи занаети фрла племенито и носталгично светло на минатото, ама без идеализација во однос на сегашноста. Како ткајачка или плетачка и Елизабета го смирува совјот внатрешен набој врз трпелива и интензивна работа на секоја своја слика, не оставајќи ништо на случајноста.

Изложбата ја организираше здружението Македониум од Белград, со подршка на компаниите Градитељ инжењеринг и винаријата Тиквеш, а ќе биде отворена до петок 03 февруари.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button