ВестиМакедонија
Актуелно

Без запирање на наплатните рампи

Иницијативата ,,Отворен Балкан'' предвидува воспоставување на единствен систем на електронска наплата на патарина

Воспоставување на единствен систем на електронска наплата на патарина во Србија, Македонија и Албанија, а покасно и во останатите земји кои што ќе се приклучат на иницијативата ,,Отворен Балкан” договорено е на самитот во Охрид. Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија со истиот уред за електронска наплата на патарина, во тек на август ќе можат да ја плаќаат патарината во сите три земји без запирање.

Македонскиот премиер потврди и дека граѓаните на Србија можат со таговите за патарина да ги поминат без запир и рампите во Македонија и изрази надеж дека тоа ќе придонеси да се намалат сегашните гужви.

Како појаснија од ,,Патиштата на Србија”/Путеви Србије, возачите треба само да дојдат на пумпа и да бараат таг уредот да им биде ,,Отворен Балкан” а преку сервисот ,,Патиштата на Србија”/Путеви Србије да ја регистрираат својата платна картичка. Се очекува патарината со овој таг да биде поефтина за 5% во сите три земји.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button