ВестиКултура

Две награди за Синиша Новески во Скопје

Синиша Новески, познат и признат светски и европски, а пред се македонски скулптор, во изминатиот период доби две награди за своето творештво во Скопје.

Наградата за најдобро вајарско дело „Семејство откорнати“ изработена во бронза ја доби на „Годишната изложба“ 2022 во Скопје, која ја доделува Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Семејство ,,Откорнати”

Наградата „Константин Мазев – Коце“, која што ја доделува Културно информативниот центар во Скопје, му беше доделена на Новески на изложбата „Уметничко творештво од мал формат“ за скулптурата ,,Липсан”. Изложбата „Мал формат“ ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На неа учествуваат 40 уметници со 55 дела, работени во различни медиуми (сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти и нови медиуми).

,,Липсан човек” е израз за човек изморен од светските кризи на пандемијата, војните и економската криза

– За мене е многу важно што ги добив овие две награди, заради тоа што 15 години бев отсутен од ликовната сцена во Македонија. Се радувам премногу што културните  здруженија, институци и ликовната публика го препознаа мојот естетски квалитет во скулптурите. Ова е голем мотив за мене да продолжам да работам во моето скулпторско творештво – вели Новески.

Синиша Новески е скулптор и магистер на ликовната уметност. Од неодамна живее и твори во Скопје. Од неговите раце создадена е и скулптурата „Мајка Македонија“, која во форма на споменик треба да биде поставена во Панчево.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button