ВестиКултураНајави

Изложбата „Коло“ од 7 ноември во Белград

Изложбата „Коло“ на сликарката Елизабета Јорданоски е етнографска љубов кон традицијата, музиката, фолклорот и мајчинството. Симболично ги поврзува луѓето, културите и емоциите преку фолклорното оро. Нејзините слики се полни со енергија, радост и, во исто време, исполнети со симболика на мистицизмот и психологијата.

Како наивен сликар покажува многу уметничка зрелост и метафизичка енергија. Во неколку слики, преку жената како мотив, индиректно се слика себеси и својата духовна и психолошка состојба. Фигурите се во топла боја, исполнети со набој за енергија, а просторот, како животот и светот, е прикажан со надреални златни тонови во кои фигурата се топи и гори оптимистички, симболизирајќи ја надежта за подобро. Медитеранската боја ја карактеризира како експлозивна, жена борец, која внесува оригиналност и свежина во нејзиното сликарство и создава свој свет преку линија и композиција.

Изложбата свечено ќе биде отворена во понеделник, 7 ноември во 19 часот, во Установата за култура ,,Пароброд” (Капетан Мишина 6) во Белград, во организација на Здружението „Македониум“.

Изложбата ќе ја отворат мр Синиша Новески и новата претседателка на Друштвото на ликовни уметници во Србија (ДЛУМС) Ирена Ѓукиќ, a културно уметничката програма ќе ја употполнат пејачката група ,,Македониум” како и младата актерска надеж Алексеј Јорданоски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button