ВестиНајави

Нови насоки за развој на македонската заедница во Србија

По завршената анкета и бројните средби со претставниците на македонските здруженија, се одржа состанок и помеѓу стручната соработничка на ОБСЕ Данијела Ненадиќ која ја изработува стратегијата, и раководството на Македонскиот национален совет, претседателката Зорица Митровиќ, секретарот Марјан Јованоски, како и директорот на Македонскиот информативен и издавачки центар Озрен Симјановски.

На состанокот беше направено резиме од досегашната работа, при што беа дефинирани клучните цели на стратегијата која ќе претставува водилка за идниот развој на Советот и македонската заедница во Србија.

Финалниот текст на стратегијата ќе биде претставен во декември, на свеченото одбележување на Денот на Советот.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button