ВестиКултура

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НИШ

По повод 8-ми септември денот кога Македонија се стекна со независност, самостојност и сувереност, Македонското здружение “Вардар„ од Ниш ја одржува традиционалната манифестација веќе дванаесети пат по ред “Денови на македонската култура„, под покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија. На оваа манифестација здружението ја претставува македонската култура со уметници од разни културни области од Србија и Македонија, кои секој на свој начин ги прикажува своите достигнувања и остварувања на највисоко уметничко ниво, на радост и задоволство на многубројната публика која ги следи овие културни настани.

На 2-ри септермври во галеријата на “Нишкиот Културен Центар„ во 18 часот свечено е отворена манифестацијата, со што започнаа овогодишните денови на Македонската култура, пред голем број граѓани и членови на здружението а во присуство на претставниците од градската управа, локалната самоуправа, образованието и многубројните здруженија со кои соработува Вардар – Ниш.

После интонирањето на македонската и српската химна, свое обраќање имаше претседателот на Управниот одбор на здружението Вардар Благе Петрушевски, во кое ги запозна гостите со значењето на 8-ми септември за македонскиот народ, како и програмата на овогодишната манифестација која се одвива во текот на месец септември. После свеченото отварање присутните имаа можност да го проследат отварањето на изложбата на познатиот македонски уметник, сликарот Гоце Божурски од Куманово, кој се претстави со триесетина свои дела на кои ги прикажа своите реалистички видувања и емоции во однос на светот кој го опкружува.

На 11-ти септември задоволство беше да се дочекаат гостите од Штип, поточночленовите на “Академијата ЕУРОАРТ„, кои во малата сцена на Народниот театар во Ниш одржаа целовечерен концерт на народни игри и песни од источниот дел на Македонија. Со музика, песни и ора ги дочараа подготовките и одвивањето на сеидбата, жетвата, веселбите, бендисувањето и другите народни обичаи. Целиот концерт беше проследен со громогласен аплауз, а на самиот крај на концертот, заедно со публиката, запееа и заиграа македонски и српски песни и ора.

12-ти септември беше резервиран ден за книжевна вечер која се одржа во собраниската сала на Градската Општина Медијана, на која се претставија младитеписатели на поезија и проза, членови на “Академијата ЕУРОАРТ„ од Штип. Голем број млади поети ги презентираа своите дела кои академијата ги има печатено и изложено на увид на публиката која можеше да ги погледа и прочита. Сите дела кои беа изложени академијата ги поклони на здружението во знак на сеќавање на овој настан, но и како потстрек за понатамошна соработка.

По прекрасниот концерт на македонска народна музика и литературно-уметничката вечер, во друштво на гостите – членови на Академијата Еуроарт од Штип – и домаќините уживаа во обиколка на културните и историските знаменитости на Ниш. Исто така, имаа чест да бидат примени од раководството на Градската општина Медијана, ги посетија просториите на здружението „Вардар“ Ниш – организаторот на настанот, а за време на паузата, како вистински пријатели, споделија моменти со кафе.

На 17-ти септември во малата сала на Нишкиот културен Центар завршија овогодишните денови на македонската култура, со филмска проекција на филмот “МИС СТОН„ кој во некогашната Југославија беше првиот филм снимен во боја и синемаскоп. Филмот ја обработува темата кога во 1901. година македонските револуционери на чело со Јане Сандански, на Пирин планина, ја киднапираат американската мисионерка Мис Стон за која се бара откуп, кој после три четири
месеци е платен, а за тие 25000 илјади турски златни лири е купено оружје за потребите на востаниците.


Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button