Македонско Сонце- 13 04 2025

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-Во Белградската галерија ,,Сингидунум“ беше представена изложбата ,,Тајна“, дело на европскиот и македонскиот сликар Драган Гелев
-Во Апатин беше организирана меѓународна работилница за производство на овошни ракии, на која се представија и производителите од Македонија
-Шаховскиот клуб ,,Аљенин“ од Панчево беше домаќин на уште еден голем меѓународен кадетски турнир
-Минатиот викенд во Белград се одржа 38 ,,Белградскиот Маратон“, на кој што учество зедоа повеќе од 14 000 учесници, од кој се голем број учесници од Македонија
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.