
Позицијата на мажите и жените Роми во Република Србија постојано се подобрува, но сè уште има предизвици со кои се соочува оваа заедница. Државата Србија ќе продолжи да работи на нивно вклучување во општеството, креирајќи и спроведувајќи политики во соработка со припадниците на ромското национално малцинство. Ова се главните пораки што можеа да се слушнат на јавната расправа „За Ромите со Ромите“, централната манифестација на одбележувањето на 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, што ја организира Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог, во соработка со Националниот совет на ромското национално малцинство и со поддршка на Советот на Европа. На манифестацијата присуствуваа и претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ и секретарот Марјан Јованоски.

По интонирањето на српската и ромската химна, во малата пленарна сала на Народното собрание на Република Србија, на присутните претставници на здруженијата и организациите на Ромите им се обратија Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог, Немања Старовиќ, министер за труд, вработување и социјала, Никола Селаковиќ, министер за култура, Рајиќ, советник на премиерот на Република Србија, амбасадорот Емануеле Жиофре, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Србија, Ана Оприсан, програмски менаџер за соработка во тимот за Роми и патници на Советот на Европа, како и Далибор Накиќ, претседател на Националниот совет на ромското национално малцинство.