Вести

14-та седница на Македонскиот национален совет

На 22 март 2025 година во својата регионална канцеларија во Јабука, Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија ја одржа својата 14-та редовна седница.

Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон трагично настраданите во ужасната трагедија во Кочани – Македонија.

Во рамките на прифатениот дневен ред, во плодна и суштинска дискусија, беа разгледани и едногласно усвоени позитивниот Ревизорски извештај и завршната финансиска сметка на Националниот совет за 2024 година и истовремено беше донесена одлука за доделување на благодарници на учесниците на конкурсот „Помеѓу две татковини“ кој беше распишан во чест на Борче Величковски.   

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button