Манифестацијата Денови на македонска култура во Белград „Допир на Македонија“ во својот трет ден беше продолжена со поетско-книжевна вечер со македонската писателка Славица Дабевска Ќировска. Настанот беше одржан во Педагошкиот музеј во Белград на 30.05.2024 година.
Во рамките на своето претставување пред белградската публика писателката Дабевска Ќировска, покрај дел од своите поетски творби, ги промовираше своите два најпознати романи: Зелениот капут и Срна. Модератоката Искра Пенева, зборувајќи за делата на Дабевска Ќировска, истакна дека нејзините творби се често наградувани и нејзиниот придонес како член на друштвото на писателите на Македонија за македонската книжевност е несомнен.
Поетско-книжевната вечер беше збогатена со учеството на гудачкиот ансамбл Версус, чии музички звуци ги разгалија срцата на присутната публика.