ВестиКултура

Концерт во Вршац: Со песна низ градовите на Македонија и Србија

Во културниот центар на Вршац, одржана е музичко-сценска програма на македонски и српски јазик ,,Патување со песна низ градовите” во организација на здружението ,,Креативна комуна”.

Младите уметници Анѓелија Стојановиќ и Дарко Ристески, во придружба на маестро Ѓорѓе Миздрак на гитара, на присутните им приредија вистинско музичко патување низ градовите на Македонија и Србија. Со изведба на старите изворни македонски и познатите српски песни, публиката се врати во некое поубаво време, исполнето со топлина и прекрасни емоции.

Помладата публика имаше прилика да можеби за прв пат ги слушне некои од песните, додека постарите генерации реагираа на секоја изведена нумера, пеејќи заедно со уметниците во текот на целиот концерт.

Ова е прв проект на здружението ,,Креативна комуна” од Вршац, кое што има за цел да со вакви и слични програми даде свој придонес во мултикултуралноста и меѓунационалната соработка.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button