ВестиКултураНајави

Сеќавање на Васил Хаџиманов – Денови на македонската култура во Белград

Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура, „Допир на Македонија“ во организација на здружението ,,Макеодниум” од Белград, утре ќе се одржи вечер посветена на Васил Хаџиманов – еден од најголемите и најупорни македонски истражувачи во областа на етномузикологија, мелографија и фолклорот. По тој повод ќе биде прикажан документарниот филм „Фениксот од Кавадарци“ на Мишо Нетков, а дека музиката што Васил Хаџиманов ја собирал и сочувал од заборав сè уште се изведува и на овие простори ќе покаже КУД „Васил Хаџиманов“ од Јабука со својата пејачка и фолклорна група, која годинава го одбележува големиот јубилеј 60 години постоење и ансамблот „Македониум“ од Белград.

Програмата ќе биде одржана во големата сала на ПАН театарот од 19 часот.

Манифестацијата Денови на македонската култура, „Допир на Македонија“ традиционално ја поддржуваат Македонскиот национален совет, Министерството за култура на Република Србија и претпријатието Алкалоид. 

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button