ВестиНајави
Актуелно

Утре ќе бидат објавени резултатите на Пописот кои се однесуваат на национална припадност

Првите конечни резултати од Пописот за 2022 година ќе бидат објавени во петок (28.4) напладне, на веб-страницата на Републичкиот завод за статистика. РЗС почна да ги објавува пописните податоци во 20 книги, а од утре ќе биде достапна за јавноста првата книга, т.е. база на податоци, која што се однесува на националноста.

Тоа значи дека, покрај тоа колку има жители во Србија вкупно, колку во кој регион, град и општина, ќе се знае точно колку има припадници на мнозинскиот, српски народ а колку припадници на националните малцинства, како и кој каде живее.

Прелиминарните резултати од Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2022 година покажаа дека во Србија живеат 6.690.887 граѓани. Во пописот се собрани податоци за 2.520.854 домаќинства и 3.628.175 станови.

Во мај се очекуваат уште две пописни книги – за бројот и површината на станбените единици, како и за возраста и полот на граѓаните во Србија, а до крајот на годината ќе бидат објавени вкупно 20 книги. Меѓу нив ќе има бази на податоци за религија, мајчин јазик, брачен статус, школување, писменост, миграција итн.

Според резултатите од Пописот во 2011 година во Србија живеат 22.755 припадници на македонското национално малцинство, од кој најмногу живеат во Белград и Јужен Банат.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button