ВестиКултураНајави

,,Фениксот од Кавадарци” – документарниот филм за Васил Хаџиманов премиерно на Мартовскиот фестивал во Белград

Документарниот филм за животот и делото на Васил Хаџиманов ,,Фениксот од Кавадарци” премиерно ке биде прикажан во рамките на ревијалната програма на Мартовскиот фестивал, на 1. април од 19 часот, во салата Американа во Домот на младите во Белград.

Васил Хаџиманов е еден од најголемите и најупорни македонски истражувачи во областа на етномузикологија, мелографија и фолклорот, а воедно и еден од врвните толкувачи на изворните македонски народни песни.

Во филмот, изработен по сценарио и режија на Мишо Нетков, зборуваат голем број на научници и луѓе кои му беа блиски. Васил Хаџиманов почина во Скопје 1969 година, а неговата работа ја продолжија неговиот син Зафир и внукот кој го носи неговото име.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button