ВестиИнформирање

Денот на мајчиниот јазик одбележан во Ковачица

Денот на мајчиниот јазик под слоганот „Четири конци еден вез“ традиционално е одбележан во Ковачица. Ковачица е еден од најдобрите примери за негување на мајчиниот јазик, вели Јарослав Хрубик, претседател на општината. Четири јазици се во официјална употреба: српски, словачки, унгарски и романски.

– Образованието на повеќе јазици, кое секојдневно се одвива на територијата на општина Ковачица, е пример како може да се исполни целта на УНЕСКО, но и да се обезбеди одржлив развој. Таму лежи одговорот на прашањето зошто во нашата општина се одржува централната манифестација Денот на мајчиниот јазик – рече Хрубик.

Многу е важно да им укажеме на младите дека библиотеките како културни институции заземаат едно од најважните места во зачувувањето на мајчиниот јазик, рече Милош Гајиќ, пред Министерството за култура.

Драгана Милошевиќ, покраински секретар за култура, рече дека јазикот е еден од најважните елементи на националниот идентитет, а неговото зачувување е најважно на секоја национална заедница.

– За некого тоа може да звучи како обична прокламација, политичарите тоа го често лесно изговараат. Во случајот на нашата покраина и на целата наша земја, тоа е основата на функционирањето на сите области каде што се користи, негува и чува јазикот – нагласи Милошевиќ.

Тема на овогодинешната Тркалезна маса беше улогата на медиумите и информирањето во зачувувањето на јазикот и писмото на националните малцинства. Зорица Митровиќ, уредник на порталот на македонски јазик „Мак инфо“, истакна дека медиумите кои известуваат на јазиците на националните малцинства се обидуваат да известуваат на литературен книжевен јазик, но често се случува да се користи и одреден дијалект.

– Како некој што работи во медиумите на македонската национална заедница, не можам да кажам дека исклучиво користиме литературен јазик. Кај нас нема доволен број образовани луѓе од Македонија кои работат како новинари. Верувам дека медиумите имаат големо влијание врз употребата на јазикот и врз тоа како луѓето го разбираат – вели Митровиќ.

Разновидноста на песните и ората кои се застапени во општина Ковачица ја претставија членовите на селските културно-уметнички друштва, изведувајќи повеќејазична програма.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button