Во Фејсбук групата „Биди хуман – хуманитарни лицитации“ можете да најдете речиси се што ви треба, но најмногу емпатија, солидарност, топлина и неверојатни гестови. Во тимот ги има 80 и заедно со повеќе од 343.000 членови во групата што ја предводат им помагаат на сите на кои им требаат пари за лекување. За здравје се лицитирало од паштета, која на крајот чинеше 650.000 динари, до автомобили и куќа на Рудник. Имаше и креативни и забавни понуди, а луѓето кои ја сочинуваат оваа заедница секојдневно ги поместуваат границите на добротворноста.
Дел од оваа заедница од неодамна е и нашата сликарка Елизабета Георгиева Јорданоски, која што на лицитација стави една од своите авторски слики, а приходот од продажбата ќе оди за лекување на Милош.
Групата ,,Биди хуман” на фејсбук постои од мај 2020 година, и од тогаш дневно собира во просек по 10.000 евра помош за деца и возрасни на кои им се потребни за операции и лекување. Тука можете да купите/продадете навистина сè. Многу популарни се и побарувачките. Така, една жена останала без регистарска табличка во околината на Шабац и објавила дека повеќе би сакала да плати 5.000 динари на некој болен, доколку некој ја пронајде, отколку на полицијата за нова табличка. Студентка набрзина ги заборавила книгите за факултет на автобуска постојка во еден град и исто така понудила да плати за лице според желбата на пронаоѓачот од тој град. Девојката која отишла на автобуска станица и ги нашла и испратила книгите пријавила дека не е единствената, туку дека уште еден господин го видел постот во групата и отишол до станица да ги бара. Тука се лицитира и за кафе со познатите личности и многу други интересни работи.
Ги повикуваме сите припадници на македонската заедница да се вклучат во активностите на оваа група и на тој начин ја покажат својата солидарност и хуманост, а секако и креативност во осмислувањето на нови лицитации, како и да ги следат аукциите и праќаат смс пораки на бројот 3030 отворен од страна на Фондацијата ,,Биди хуман”.