БлогВести

„Новогодишниот“ хаос на Косово и Метохија

На Косово и Метохија ситуацијата повторно е зовриена. Секој чекор кој беше направен во смер на интеграција и заеднички соживот помеѓу српскиот и албанскиот народ повторно е на ивица на пропаста. А од другата страна политичарите не ретерираат со својата агресивна реторика.

Српскиот народ на северот на Косово и Метохија постави барикади во знак на протест против приштинските власти кои ги заплашуваат со специјалните приштински полициски и воени единици, со апсење на припадниците од српската заедница, со вишегодишно одбивање да се формира Заедницата на српските општини што е договорена со Бриселските договори уште во 2013 година. Српскиот народ на Косово и Метохија повторно е на барикадите.


Ама тоа не е ништо ново за политичарите во Приштина. Иако велат дека се грижат за еднаквост на сите граѓани кои таму живеат, иако велат дека се залагаат за владеење на правото, работите во пракса се сосема различни. Воопшто и не постои комуникација помеѓу приштинските политичари и српскиот народ. Воопшто и не постои желба да се разговара со српскиот народ на Косово и Метохија. Но, секогаш постои простор за вербални напади, за напади усмерени кон српскиот
народ, кон сите оние српски домаќинства кои имаат само една желба – да останат на своите вековни огништа и ништо повеќе.
Од другата страна меѓународните посредници, медијатори, гаранти на мирот исто така си седат со скрстени раце. Чиниш си го гледаат сеирот. Ниту Европската унија, ниту припадниците на КФОР мисијата не превземаат никаква акција. Продложуваат да го гледаат српскиот народ на барикадите како мака мачи да ги сочува своите огништа, а од другата страна повикуваат на дијалог, истовремено свесни дека приштинските власти не се за никаков дијалог, освен за она што го
сметаат за нивен национален интерес. И во едни такви околности српскиот народ не е колатерална штета која произлегува од политиката на Приштина и од конформизмот на западните мисии на Косово и Метохија, туку директна жртва. Жртва која не знае каде ќе го започне следното утро. Жртва која не знае дали слично како своите сонародници ќе мора со трактори да бара ново уточиште. Жртва која не знае дали е мудро да молчи во новите околности или сепак е дојдено до крај па мора да го крене својот глас – кога веќе и онака нема што да изгуби.

И баш таква е денешната ситуација на Косово и Метохија. Непредвидлива. Опасна. Неодржлива. Се, освен перспективна. Се, освен долгорочна. Всушност таква е денешната ситуација на Косово и Метохија, во општеството кое Албин Курти го претставува како мултиетничко, ама само српскиот народ нема право на свој глас, на својата култура, традиција, национална и верска определба.

Сите други се еднакви. Освен српскиот народ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button