БлогВести

На скопските улици ече старата песна

Живописната македонска држава никогаш не ве остава рамнодушен. Секогаш во оваа чудесна земја се случуваат работи кои ја одржуваат динамиката на едно сиромашно општество, пребогато со историја и традиција, пресиромашно за остварување на основните животни услови. И тоа не е никаква новост, македонскиот народ, па и останатите македонски граѓани секогаш биле соочени со сиромаштијата, со стравот за не дај Боже полошо и никогаш спремни да се спротивстават на таквите нешта, кои низ историјата ги држи некаде во аголот.

И денес на скопските улици е истата приказна. Додека во земјите на западна Европа се повеќе на улиците се видливи електрични автомобили, автомобили кои не се движат на фосилни горива, туку на литиумски батерии, во Скопје и понатаму никакво изненадување на претставуваат запрежните коли кои ги влече некој изнемоштен коњ. И не тоа така како сте виделе или замислувате од улиците во Виена, каде запрежните коли и раскошните коњи ја претставуваат историјата на таа земја, на тој град, туку една тажна слика на изнемоштени коњи кои најчесто се предмет и на измачување од стана на човечката рака.

Денес на скопските улици ги гледате приватните превозници на патници кои штрајкуваат веќе месец дена. И тие испаднаа подостоинствени од властите кои никако не можат да одвојат дел од своето време па да поразговараат за нивните барања. Испаднаа подостоинствени во моментот кога ниту помалку, ниту повеќе, германскиот претседател ја посети македонската држава. Па тако штрајкувачите-превозници достоинствено ги тргнаа од скопските улици своите автобуси не само да не ја загрозат безбедноста на високиот германски функционер, туку и да не ја покажат бедата на македонските власти кои имаат време за се, освен за своуте граѓани, на кои периодично се сетуваат. Во зависност од изборните циклуси.

И не само тоа. Туку последниве денови Скопје е предмет и на огромен број на дојави на бомби. Па полициските служби трчат од едната на другата страна на градот. Стигнуваат по илјадници мејлови за поставени бомби во македонските трговски центри, во македонските училишта, во македонските институции, стамбени објекти, ама властите и понатаму се неми.

Наместо да излезат, да ги барем смират граѓаните, да објасната дали постои опасност и колку е реална, тие како мали дечиња се занимаваат со опозицијата и со малите политички игри кој што сработил а кој не сработил.

Секогаш е поинтересно да се напаѓа опозицијата. Наместо да се засукаат ракавите. Па дури и да се вистинити нападите од власта, дека опозицијата на локално ниво не работи ништо, тогаш барем вие од власта покажете повеќе одговорност, повеќе работа на терен, а помалку соопштенија и прес конференции кои служат само за вербални напади на политичките противници.

Оти вака, како е тргната работата, секој остварува некоја добивка, и власта и опозицијата, само народот си останува на улица. Баш така како е и во последните триесетина години.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button