Знаменити Македонци во СрбијаМАК Инфо ПродукцијаМакедонски ликовни уметници во Белград

Божидар Дамјановски

(Скопје, 12 септември 1947)

Божидар Дајмановски e познат сликар, а се занимава и со цртање и графика. Член е на УЛУС од 1973 година. Добитник е на 31 домашна и меѓународна награда за сликарство, цртеж и графика. Избран е за еден од 15-те најзначајни современи југословенски сликари од крајот на 20 век.

Античката и египетската митологија е сеприсутна во неговите дела, како и мотивот на жената. Окер тоновите во неговите дела го будат здивот од минатото.

Сеќавање на Хелада 3

Учествувал на повеќе од 600 изложби во Србија и странство и организирал 44 самостојни изложби.

Паралелa со Аполон 1

Божидар Дајмановски е роден 1947 година во Скопје, каде што завршил средно уметничко училиште. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности (сликарство во класата на проф. Недељко Гвозденовиќ) во Белград, во 1972 година. Постдипломските студии на истата академија ги завршил во 1975 година во класата на професор Раденко Мишевиќ.

Член е на Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија.

Живее и работи во Белград. Добитник е на националната пензија за врвен придонес на националната култура во Република Србија.


Сеќавање на Леонидас

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button