ВестиКултура

Белградскиот Народен театар предлага одржување на „Отворен Балкан фестивал“

Вршителот на должност директор на Народниот театар во Белград (НП), Светислав Буле Гонциќ, изјави дека предложил да се одржи „Отворен Балкан фестивал“ на кој ќе бидат вклучени културни институции од највисоко значење во Србија, Македонија и Албанија.

Гонциќ на прес-конференција во Народниот театар рече дека ваквиот предлог наишол на многу добар одзив на неодамнешната средба на „Отворен Балкан“ во Охрид во разговор со министрите и директорите на националните театри на Македонија и Албанија, како и манифестацијата „Охридско лето“.

– Сметаме дека оваа иницијатива е најдобриот начин да се заокружи сликата на туристичка и културна размена који ги надминуваат формалните граници. Културата е многу поширока, нагласи Гонциќ.

Според неговите зборови, партнерите од Македонија и Албанија биле поканети на консултативна средба на која ќе ги постават „основните параметри за одржување на ваква размена, која би претпоставувала и натпреварувачки дел, но и размена на уметници од областа на операта, балетот и драмата“, како и покренување на конкурс за драмски текст.

Гонциќ рече дека „иницијативата била добро прифатена“ и затоа што „Отворениот Балкански фестивал“ би можел да се одржи во Белград, Скопје и Тирана, со гостување и на други од регионот.

– Кога ќе ги завршиме дискусиите, ќе ве информираме за датумите и начинот на покренување на фестивалот. Мислам дека ова е многу важно и дека националната куќа (НП) има обврска да спроведе нешто такво во дело, рече Гонциќ. 

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button