На седумнаесеттиот Меѓународен книжевен фестивал кој ќе се одржи во Нови Сад од 5-7 септември, ќе настапи и писателот Христо Петрески.
Тој ќе биде претставник од Македонија и ќе земе учество како поет, но и на симпозиумот Книжевноста и насилството.
Темата на симпозиумот е Зборот и ништото, а ќе учествуваат писатели од: Шпанија, Англија, Луксембург, Германија, Македонија, Црна Гора и Србија.
Христо Петрески, како претседател на Друштвото на писателите на Македонија, ќе учествува и на свеченостите на 7 и 8 септември – по повод независноста на Македонија, кои ќе се одржат во Нови Сад и Белград.