Магазин

Зошто треба почесто да јадете грозје?

Јадењето грозје може да го подобри здравјето, бидејќи содржи голема количина различни хранливи материи. Но, многу е важна умерената консумација поради високиот процент на шеќер.

Што се случува кога јадеме грозје?

Антиоксидансите во грозјето помагаат во намалување на оксидацискиот стрес во мозокот. Ги подобруваат когнитивните функции и штитат од губење меморија во текот на стареење. Грозјето исто така го подобрува протокот на крвта во мозокот со што се подобрува концентрацијата, пишува Ит тис.

Спречува воспаленија

Хроничните воспаленија се поврзани со канцер, срцеви заболувања, астма, дијабетес и артритис. Антиоксидансите како што се витамините Ц и К, полифенолите и други ги намалуваат воспаленијата. Црвеното грозје е богато со ресвератол кој ги штити крвните садови.

Го подобрува крвниот притисок

Јадењето грозје помага во одржување нормално ниво на притисок во крвта бидејќи ова овошје има голем процент калиум кој помага во намалување на притисокот.

Подобар сон

Грозјето содржи мала количина мелатонин, хормон кој го регулира спиењето па може да го подобри квалитетот на сон. Една или два часа пред спиење изедете малку грозје.

Го подобрува имунитетот

Содржи витамин Ц, бета каротен и кверцетин што го прават грозјето одлично овошје за подобрување на имунитетот.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button