Култура

Златен медал за македонската национална кујна во Ниш

Меѓу 400 натпреварувачи од 11 земји, шанса да ги претстави своите гастрономски потфати имаше и екипата на македонското здружение ,,Вардар” од Ниш на овогодинешниот 9 по ред Гастро туристички фестивал во организација на Здружението на угостителско-туристички професионалнци од Ниш.

Македонската екипа во состав на членките Зорица Петрушевски, Нела Радовановиќ, Вера Вељановска, Снежана Веселиновиќ, Весна Пејчиќ, Светлана Симеон, Гордана Петковиќ и Елица Живковиќ подготви голем број на македонски специјалитети, натпреварувајќи се во категоријата ,,Национална кујна”. На масата имаше се и за очи и за стомак, од предјадења, разни салати, главни јадења до разни колачи, што беше доволно членовите на жирито да му доделат златен медал на здружението со диплома и за трпезата.

Вардарците зедоа уште еден златен медал и во категоријата „Јадења во котел“, а маѓународното жири им го додели третото место во вкупниот пласман на фестивалот.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button