КултураМакедонијаМакедонци во светот

Поетски букет

Вртејќи ги страниците се шири миризбата на свежо печатена книга… Книгата „Поетски букет” е колекција на песни од афирмирани македонски автори од различни генерации и со различни поетики. Во збирката се застапени 20 избрани современи македонски поети: Биљана Тодоровска, Борче Панов, Даниела Андоновска-Трајковска, Десанка Николова, Елена Пренџова, Елеонора Николовска, Горан Анчевски, Христо Петрески, Искра Пенева, Ленче Китанова, Марта Маркоска, Марина Гоцевска, Мери Арсовска, Митко Гогов, Митре Мангоски, Мирјана Стојановска, Силвија Димитриевска, Весна Мундишевска-Вељановска, Виолета Сековска и Андреј Јанков.  

‒ Идејата за книгата дојде спонтано. По неколкуте преводи од македонски на албански јазик на повеќе македонски автори и нивното објавување во Албанија, Косово и Северна Македонија. По селекцијата точниот број на преведени автори е 20. Има и други автори кои се преведени на албански јазик но се не објавени во збирката. ‒ вели Адем Абдулаху, поетот и преведувачот, уредникот на збирката „ Поетски букет”.

‒ За книжевноста овакво дело на преведена поезија значи зближување на поетските јазични  подрачиа во нашето поднебие. ‒ подвлекува Абдулаху.

Издавачката куќа „Илбери плус” од Тетово во тираж од 500 примероци ја издаде публикацијата со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button