Македониум 22.06.2022.
Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:
1. Утврден предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје
2. Република Србија неодамна донесе одлука да отвори конзулат во Охрид, а честа да биде конзул му ја укажа на младиот и амбициозен дипломат и бизнисмен Михајло Филев, заслужен за ширење на македонските културни вредности
3. Со отворниот едриличарски ден, во организација на Едриличарската федерација во склоп на проектот „Запознај го едрењето, заштити го езерото” финансиран од делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија во рамките на кои беа овозможени бесплатни тури со едрилици по Охридското Езеро, вчера, беше одбележан Денот на Охридското Езеро, 21-ви јуни
4. Стандардот на граѓаните во Северна Македонија минатата 2021 година бил нешто подобар во однос на една година претходно, но и натаму значајно заостанува зад просекот на Европската унија, покажуваат процените што ги објави Европскиот завод за статистика Евростат
5. Бугарската агенција БГНЕС која често ги отсликува ставовите на официјална Софија во спорот со Македонија, објави протокол, односно детали од францускиот предлог за решавање на спорот меѓу двете земји
6. Бугарското Собрание денеска ќе разговара за францускиот предлог за тргање на ветото за македонските евроинтеграции, а македонската влада ќе соопшти дали премиерот Димитар Ковачевски ќе оди на Самитот во Брисел.
Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.