ИнформирањеРадио емисии

Македониум 08.06.2022.

Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:

1. Охрид домаќин на лидерите на земјите членки на иницијативата Отворен Балкан;

2. Oфицијалниот дел од самитот на иницијативата Отворен Балкан на кој учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерите на Албанија и Северна Македонија Еди Рама и Димитар Ковачевски, како и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија во својство на посматрачи;

3. Четвртото издание на „Златна рамка“, филмската ревија на македонската продукција во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) годинава ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар;

4. Со настап на Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, четирите светски познати италијански тенори во придружба на Оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Лоренцо Бицари, свечено ќе се отвори 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“;

5. Националната Установа Завод и музеј Битола, гостуваше во Европската престолнина на културата 2022, Нови Сад, во Музејот на Војводина, со тактилна изложба и обука за пристапност на музеите. Изложбата „Допир на уметноста“, која беше отворена на 3 јуни во присуство на голем број гости;

6. Како дел од заедничката имплементација на мегународниот стрип конкурс „ALL WE ARE SAYING IS GIVE RECONCILIATION A CHANCE “ на 08.06.2022 г во Центарот закултура „ГРАДАЦ“ во Рашка, ќе се одржи изложба од сите стрипови пристигнати на овој конкурс;

Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button