ВестиМакедонија
Актуелно

После 55 години спор – Саборот на Српската православна црква го одобри единството со македонската православна црква

Соборот на Српската православна црква СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонска православна црква, односно „Охридската архиепископија“.

Така е решен спорот, кој датира од 1967 година, кога Македонска православна црква се одвои од СПЦ.

Пред ваквата одлука на Саборот, беа обновени разговорите меѓу српскиот патријарх Порфирије и претставниците на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се водеа на преговарачка маса во Ниш и во најголема тајност.

По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и непризнатата МПЦ, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена официјална комуникација, а плод од таа комуникација е и денешната одлука.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button