Велигденски детски работилници на македонските здруженија во Лесковац, Качарево, Вршац и Јабука
Заедничкото креирање украси и бојадисување на јајца за Велигден е особено вредно таму каде што има деца. Тоа е не само вистинска авантура за нив, но и стекнување на нови знаења за празникот што се приближува. Водејќи се со овие мотиви, македонските здруженија во местата во кои што се изучува Македонскиот јазик со елементи на националната култура во основните училишта, организираа едукативни работилници по повод големиот христијански празник Велигден.
Најмладите во Лековац, Качарево, Вршац и Јабука имаа прилика да со своите наставници и членовите на здружението учествуваат во оваа велигденска авантура.
Пренесуваме дел од атмосферата во Лесковац:
Пренесуваме дел од атмосферата во Качарево:
Пренесуваме дел од атмосферата во Вршац:
Пренесуваме дел од атмосферата во Јабука: