Македонската пролет во Србија
Во Покраинската влада потпишани се договори за доделување на средствата на Националните совети за финансирање на стални трошоци и редовни активности на националните совети на територијата на Војводина.
- За нас во покраинската влада, ова е многу важен ден. Доделување на финасијската помош на националните совети. Сакаме да ја искажеме нашата привржаност на заедништвото, почитување на правата на националните малцинства и сакаме да на најконкретен начин помогнеме на реализациите на оние послови и обрвски кои националните совети ги имаат во оваа година – изјави Игор Мировиќ, претседател на Покраинската влада.
Својот комнетар на оваа свечаност го изнесе и претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство, Борче Величковски.
- Со големо задоволство присуствував на потпишувањето на договорите на финансирање на Националните совети во 2022. година. При потпишувањето разговаравме со Покраинскиот премијер Игор Мировиќ, кои ги врачи потпишаните договори, на кои националниот совет ке додели Златна плакета, една од највисоките признаниа на советот.
Во продолжението на емисијата „Македонско сонце„ имавте прилика и да проследите и како винарите од здружението „Грозд„ од Јабука, традиционално го прославија својот празник Свети Трифун.
Во делот од емисијата кој е посветен на уметноста, се претстави популрниот македонски артист, сликар, Владимир Илиевски, кој во фоајето на новосадскиот театар во придружба на Вукашин Војводиќ и Душко Пујин одржаа своја изложба. Исто така, се претстави и ендан од момнетално најпопуларните македонски драматуршкињи, Румена Бужаровска, чии текстови се изведуваат и низ српските театри.
Целата емисија „Македонско сонце„ можете да проследите во продолжението.