ИнформирањеРадио емисии

Македониум 23.03.2022

Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:

1. Промоција на Монографијата „Македониум 2008-2018“ и разговор со претседателката на здружението Македониум од Белград, Зорица Митровиќ

2. Состанок со премиерот на покраинската влада Игор Мировиќ, на кој што се разговараше за поддршката на програмите значајни за унапредување на положбата на припадниците на македонската националната заедница во Војводина
3. Започна настава по македонски јазик на далечина, за сите иселеници и за оние кои сакаат да го научат македонскиот јазик, како што објави Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија на нивниот сајт
4. Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски

Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button