КултураНајави

Битолскиот театар гостува во Нови Сад

Ансамблот на Народниот театар – Битола гостува на сцената на Српскиот народен театар во Нови Сад со претставата ,,Бакхи – краток преглед на распадот” во понеделник, 28 февруари од 19:30 часот.

Претставата требаше да биде изведена во рамките манифестацијата „Игорови денови-Омаж за Игор Вук Торбица” – културен настан на кој театри од повеќе држави настапија со претстави чиј режисер бил Игор Вук Торбица, оддржан од 24 до 28 февруари во Српскиот народен театар во Нови Сад и Народниот театар во Белград, но поради влошената епидемиолошка состојба истата беше откажана.

Претставата, работена по мотивите на Еуриподовите ,,Баханткињи” се состои од три дела – Денес, Вчера и Утре. Првиот дел е потполно допишан, како што објаснуваше Торбица и импровизиран во денешните невралгични точки на светот во кој живееме, вториот дел се самите Баханткињи собрани во својата поставка, а на крајот доаѓа епилогот кој што се изведува без зборови, врз постапки.

Играат Маја Андоновска Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски , Васко Мавровски, хороводецот Викторија Степановска Јанкуловска, а во хорот на Бакхите се Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска 

Како што е познато, еден од најдобрите балкански театарски режисери Игор Вук Торбица, почина во 2020 година на 33 годишна возраст. Со битолскиот театар тој соработуваше во 2019 година кога премиерно беше изведена претставата „Бакхи – краток преглед на распадот” и со која ансамблот од овој град освои повеќе награди, меѓу кои наградата за најдобра претстава во целина и за најдобра режија, на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” што во 2019 година се одржа во Прилеп.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button