ИнформирањеТВ емисии

ЈАЗИКОТ НЕ УМИРА: Се повеќе деца се пријавуваат за учење на македонскиот јазик!

Раководството на Радио телевизија Војводина одржа средба со покраинскиот секретар за јавно информирање и односи со верските заедници Драгана Милошевиќ, на која разговараа за функционирањето на јавниот сервис а по повод обнова на договорот за пренос на средствата од републичкиот буџет. Дел од оваа средба беше прикажан во емисијата „Македонско сонце„ која се прикажува секоја недела на Радио телевизија Војводина 3.

Во рубриката наречена „Образование„ имавме прилика да го проследиме интервјуто со Охридија Димитровска наставничка по македонски јазик со елементи на национална култура во Гудурица и Вршац.

  • Македонскиот јазик со елементи на националната култура го предавам во Гудурица каде имам 11 ученици, во мешовита група. Во Вршац имаме група од сите училишта во градот каде се пријавени 9 деца – истакна Димитровска, која во продолжение откри колку се најмладите ученици заинтересирани за учењето на македонскиот јазик.
  • Самата бројка која се зголемува, покажува колку се децата заинтересирани за јазикот и културата.

Димитровска исто така истакна и дека во Гудурица во оваа година се појави и првото македонско списание.

  • Гудурица е мултиентничка средина, со 14 нации. Во основното училиште, децата освен што го учат македонскиот јазик како изборен предмет имаат можност да го учат и словенечкиот и романскиот јазик. Така да, во списанието има страница на словенечки, романски и македонски јазик.

Во продолжение на емисијата можевте да проследите и репортажа за активностите во Нови сад кој е европска престолнина на културата во оваа 2022 година. По тој повод се организираат многу манифестации а една од нив е и низа концерти на новосадската филхармонија каде настапи и Ирена Јосифовска, виолончелистка, по потекло од Македонија.

Вредно и да се напомене дека Новинско издавачката установа – Македонски информативен и издавачки центар објави конкурс „Македонско сонце 2022„.

До 28. февруари сите заинтересирани можат да испратат интересни приказни и фотографии од патувањето во Македонија – на е-маил niu.miic43@gmail.com.

Целта на конкурсот е унапредување на добро соседските односи и соработка на регионот. Најубавите слики и приказни ќе бидат наградени.

Целата емисија можете да ја проследите во продолжението на текстот.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button