Во соработка со Културно образовниот центар ,,Вук Караџиќ” во Пландиште организирано е гостувањето на двојазичната театарска представа ,,Ветер во тапетите” на Форумот на млади Македонци во Србија.
Глумците Зоран Митровиќ и Немања Симиќ со своето големо уметничко творештво, и ја претставија на публиката во Пландиште мошне интересната, несекојдневна театарска претстава, која што се изведува двојазично – едниот глумец (Зоран Митровиќ) зборува на македонски јазик, додека другиот зборува на српски јазик.
Комплетниот настан со своето присуство го збогатија и претседателот на општината Пландиште Јован Репац, претседателот на Македонскиот нациоанален совет Борче Величковски, претседателот на здружението ,,Вардар” од Пландиште Никола Кипровски, како и директорката на Културниот центар Тијана Штиглиќ.