КултураНајави

Документарниот филм за Македонците во Србија премиерно на РТС3

По повод Денот на Националниот совет на македонското национално малцинство, 11 Декември, на програмата РТС3 во 15 часот премиерно ќе биди емитуван документарниот филм ,,Плодовите на еден даб” (фестивалска верзија ,,Вагон”). Филмот е снимен по повод одбележувањето на јубилејот 70 години од доселувањето на Македонците во Војводина, во продукција на Националниот совет, по сценарио на Елисавета Стојановска Ивановиќ и во режија на Пеѓа Милојевиќ.

Претседателот на Националниот совет Борче Величковски упати честитка до членовите на Советот и припадниците на македонската национална заедницаво Србија, истакнувајќи дека во ова време невреме во кое се потврдува синтагмата дека здравјето нема цена, почитувајќи го основното човеково право на зачувување на истото и со почитување на сите епидемиолошки мерки, Националниот совет оваа година реши на овој начин да го празнува својот ден.

Документарниот филм, кој говори за животот и активностите на Македонците во Војводина, 70 години по нивното доселување од Македонија, беше претпремиерно прикажан во декември 2019 во Јабука. Во 2020 година требаше да ја доживее и својата премиера и проекции низ цела Србија, но пандемијата ги одложи овие планови. Прикажан е на Фестивалот на медитерански и европски филм ,,Требиње филм фестивал” 2020, како и на Меѓународниот фестивал на етнолошки филм 2021 година. Прикажуван е и во рамките на манифестациите Манаково културно лето и Денови на македонската култра во Белград во текот на оваа година.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button