
Младиот гитарист Коста Давчевски го одржа својот прв самостоен концерт во галеријата „Павилјон“ во Нишката тврдина. Со неговиот настап заврши програмата на Македонскиот културно-информативен центар во Белград за претставување млади музичари со македонско потекло кои работат во Србија.


Давчевски изведе дела од светскиот гитарски репертоар и од српски автори, како и обработка на „Јовано, Јованке“. Во рамките на истата програма, на 23 ноември 2026 година, на Факултетот за уметности во Ниш настапија и виолинистката Вероника Мона Богиќ и пијанистот Никола Лекиќ, Концертот ,,Извор” го носеше името на композицијата што Лекиќ ја напишал за манифестацијата Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија” во организацја на здружението МАКЕДОНИУМ, инспирирана од македонското музичко наследство. Во програма беа застапени и дела од Томислав Зографски и Давор Јовановски.

За време на престојот во Ниш, директорот на КИЦот Васко Шутаров ја искористи приликата да го посети македонското здружение „Вардар“ од Ниш, чии членови беа бројна публика на концертите.




