ВестиКултура

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски со европска премиера во Белград

Белградската публика на популарниот „Фестивал на авторски филм“ со овации ја поздрави европската премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“. Бројни љубители на делото на Манчевски останаа пред влезот затоа што салата беше распродадена, гледачи седеа и на подот, а во публиката беа и македонскиот амбасадор во Србија, проф д-р Никола Тупанчески, директорот на фестивалот Срдан Голубовиќ, режисерите Срѓан Драгојевиќ, Дарко Бајиќ и Недељко Ковачиќ…

Публиката дишеше со филмот, гласно реагираше на комичните и емотивни сцени, а на крајот ги поздрави Манчевски, актерите Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Ана Костовска и Марин Гавриловски, продуцентот Јане Ќортошев, копродуцентот Милан Стојановиќ, како и филмските работници од Србија, кои учествуваа во снимањето на филмот во Македонија. По премиерата Манчевски и екипата одговараа на прашања пред емотивната публика, а претходно имаа и долга прес конференција, како и десетина интервјуа за српските медиуми.

Филмот, поддржан од Агенцијата за филм, пристигна во Белград по освојувањето на Гран при за најдобар филм во Токио и прикажувањето на фестивалот во Каиро.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button