
Во денешниот текст освртот е на нерешениот исход во шахот, односно ремито. Реми е во следните околности:
Пат позиција: Кога играчот што е на потег нема ниту еден дозволен потег, а неговиот крал не е под шах.

Договор: Играчите можат споразумно да се договорат за реми во кој било момент од партијата.

Правило на трипати повторена позиција: Ако истата позиција на таблата се појави трипати во текот на партијата со ист играч на потег, може да се побара реми.
Правило од 50 потези: Играчот може да побара реми ако се одиграни 50 последователни потези без да биде помрднат ниту еден пешак и без да биде одземена ниту една фигура.
Недоволно материјал: Кога ниту еден играч нема доволно фигури на таблата за да го матира противникот (на пример, само крал против крал, или крал и ловец против крал).

Вечен шах: Кога еден играч постојано му дава шах на противничкиот крал, а противникот нема начин да го избегне тоа. Партијата тогаш најчесто завршува со реми поради повторување на потезите. Во прилог е графичкиот приказ. Белиот е во подобра позиција според вредноста на фигутите, но црниот е во можност бесконечко да го држи белиот во шах позиција.




