Македонскиот национален совет подготвува голема изложба по повод одбележувањето на јубилејот 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина. Со цел да ја прикажеме богатата историја, традиција и наследство на нашите семејства, ги повикуваме сите чии предци се доселиле во Војводина по Втората светска војна, а посебно во местата во Јужен Банат, а кои во своите домови чуваат:
- стари народни носии
- традиционални предмети
- фотографии
- ракотворби
- или други вредни спомени донесени од Македонија
да ни ги испратат фотографиите и краток опис на тие предмети, на е-маил: makedoncivojvodina80@gmail.com како и контакт податоци.
Избраните предмети ќе бидат позајмени за потребите на изложбата, со цел да бидат достапни за пошироката јавност, а по завршувањето на изложбата ќе бидат целосно вратени на нивните сопственици. Како придружен дел од изложбата, ќе биде подготвен и каталог, во кој сите избрани предмети ќе бидат и стручно опишани, а ќе содржи и дел посветен на историјатот на семејствата кои ги поседуваат овие предмети – како живи сведоштва за животот и присуството на македонската заедница на овие простори, односно во Војводина.

Ова е заедничка можност да ја зачуваме и претставиме нашата историја, да им оддадеме почит на нашите предци и да оставиме трајно сведоштво за идните генерации.
Ве повикуваме да бидете дел од ова значајно културно обележување.



