
Во Македонски културно-информативен центар Белград беше одржана работна средба со учество на претставници на македонските здруженија и членовите на Националниот совет.
Средбата беше организирана во насока на спроведување на препораките на ОБСЕ, кои учествуваше во изработката на новата стратегија на Советот. Во рамките на овие препораки беше констатирана потребата припадниците на македонската заедница во Србија подетално да се запознаат со улогата, функционирањето и значењето на Македонскиот културно-информативен центар.


Средбата ја водеше директорот на МКИЦ, Васко Шутаров, а на неа присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески.
Во отворена и конструктивна атмосфера, учесниците имаа можност директно да се информираат за мисијата, програмската ориентација и институционалниот статус на МКИЦ, како и за неговата улога како мост помеѓу матичната држава и македонската заедница во Србија.
Присуството на голем број претставници на македонските здруженија овозможи интерактивна размена на мислења и поставување на конкретни прашања, со што се придонесе кон поголема транспарентност и разбирање на работата на оваа значајна институција.

Со оваа средба, Советот прави конкретен чекор кон спроведување на стратешките определби, насочени кон подобрување на информираноста, вклученоста и институционалната поврзаност на македонската заедница во Србија.



