Македонско Сонце- 23 11 2025
Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-Во Библиотеката ,,Милутин Бојиќ“ во Белград, се одржа промоција на книгата ,,Копнеж во Мугрите“ од авторката Зинка Трендовска
-Во преполнета сала на Културниот Центар во Вршац, се одржа ,,Вечер на Македонски песни и игри“. Сите учесници со љубов го донесоја духот на Македонија, македонски песни и ора во ова преубава вечер
-Претпремијерна урнебесна монодрама на Тијана Дапчевиќ ,,Менопауза“ се одржа во Нови Сад
-Во Белградскиот КИЦ настапи Ансамблот ,,Консонанс“, вистински музички спектакл на врвни македонски инструменталисти
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.
