Информирање

20 ГОДИНИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ - ИНФОРМИРАЊЕ

Информирањето кај Македонците во Војводина, има долга традиција, која датира уште од 70тите години на минатиот век, кога во рамките на неделникот „Панчевац’’ се печатеше страница на македонски јазик, а радио Панчево еднаш неделно емитуваше получасовна емисија на македонски јазик. Но, по распаѓањето на заедничката држава, во 1994 година ова беше укинато.

Со формирањето на Националниот совет се стекнаа можности да се подобри состојбата и во оваа област. Во 2006 година формирана е Новинско издавачката установа ,,Македонски информативен и издавачки центар’’со цел информирање на Македонците на својот мајчин јазик. Покраинскиот секретаријат за култура и информирање го поддржа основањето на оваа установа, па така во декември 2006 година излезе првиот број на информативно-политичкото списание на македонски јазик ,,Македонска виделина’’. Брзо после тоа, Националниот совет тргнува во развој и освојување на информативниот простор и во други врсти на медиуми, па така на локалната телевизија РТВ Панчево почнува да се емитува емисијата ,,Банатско сонце’’ додека на покраинската Радио телевизија Војводина се формира редакција на македонски јазик, која ја реализира получасовната неделна емисија ,,Македонското сонце’’ и од февруари 2007 година радио емисија ,,Македониум’’. Во 2007 година излегуваат и првите броеви на детското списание ,,Ѕуница’’ и списанието  за уметност, книжевност и култура ,,Видело’’.

Националниот совет, Новинско издавачката установа, како и голем број на македонските организации во Србија ги следат и своите активности ги претставуваат и на социјалните мрежи и интернет портали. Здружението ,,Гоце Делчев’’ од Врање оди чекор понатаму и од 2012 започнува со емитување на телевизијска и радио емисија ,,Инфомак’’ Во 2017 година, формирано е и македонско здружение на новинари ,,Мак-инфо” кое функционира како своевиден мултимедијален информативен центар, уредувајќи портал на македонски јазик, како и електронска радио станица.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button